Се подготвува одбраната за во Стразбур, предметите на СЈО за аболицираните од Иванов, во ризик?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Никаква информација не излегува од министерот за правда, Бојан Маричиќ, околу апликациите кои пристигнаа од Судот во Стразбур на адреса на Владата во врска со предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство, а во кои обвинети се луѓе кои беа аболицирани аболицирани од екс-шефот на државата, Ѓорге Иванов. Маричиќ вели дека сѐ е во рана фаза и дека институциите се подготвуваат за стратегија.

Сега за сега останува неизвесно како Владата ќе докаже дека аболициите на Иванов биле незаконски! Екс-судијката во Судот во Стразбур, Маргарита Цаца-Николовска, повикува на трпение и чекање исход, бидејќи како што вели, сѐ друго што ќе се каже ќе биде манипулација и може да не биде во корист на државата. Интересот на Северна Македонија е почитување на пресудите на Европскиот суд за човекови права и неговите одлуки, вели таа.

Повикувајќи се на аболициите на Иванов од 2016-та, неколку обвинети во предметите на СЈО, покренаа тужба против државата пред Судот во Стразбур, оспорувајќи ги судските постапки во Северна Македонија. Ова отвори и дебата – дали се доведуваат во прашање предметите на СЈО, кои сега преминаа во редовното Обвинителство?!