Во јавноста излегоа нови „бомби“ на кои наводно се слуша екс премиерот и сегашен претседател на СДСМ Зоран Заев како зборува со непознато лице.
Во една од „бомбите“ зборуваат за СЈО и за Орце Камчев. Во другата се споменува извесен „Чауш“, а исто така наводно гласот на Заев зборува за ВМРО-ДПМНЕ, односно дека не верува дека некој повторно ќе гласа за нив после 11 години. Во објавените „бомби“ се зборува и за финансирани проекти од СОРОС.
