Речиси на секој агол во Тетово има лица кои просат, а во повеќето случаи се деца. Две малолетни лица се забележани од Центарот за социјална работа кои пред неколку дена спроведоа акција за спречување на просењето од малолетни лица.
Од Центарот за социјална работа во Тетово велат дека во текот на 2022 на улиците во Тетово најдени се 5 деца, а тоа што треба да се истакне е дека не се сите од Тетово туку доаѓаат или ги носат од други градови.
Од Центарот велат дека тие родители кои ги носат децата на улица за да просат, најпрво добиваат предупредување, а потоа се казнуваат и во случај да продолжат да ги принудуваат децата да просат, тогаш ризикуваат да им бидат одземени децата.
Бројот на питачи во Тетово расте вообичаено преку лето кога градот е полн со печалбари како и за Рамазан. Тие вообичаено доаѓаат од други градови организирано, а во некои случаи патуваат секој ден.
