Се повеќе граѓани се јавуваат во брза помош поради стомачен вирус – внимавајте, симптомите се слични на ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Д-р Данијела Јевтиќ во утринската програма на РТС посочи дека овој период се каратеристички стомачните вируси и бактериските инфекции.

Таа вели дека порадито се повеќе повици има до брзата помош, а симптомите можно е да бидат и слички на ковид-19, па затоа кај луѓето се јавува дополнителен страв.

„Стомачниот вирус често е болест на валкани раце, се пренесува преку вода, овошје, зеленчук, па дури и валкани предмети. Инфекцијата може да личи на ковид, а проблемите се јавуваат околу 24 часа по изложувањето. Тоа е отпорен вирус и може да остане во телото дури триесетина дена. Се повеќе граѓани се јавуваат за совети за проблеми со стомакот. Инфекциите со стомачни вируси периодов се почести, тие се присутни и кај децата и кај возрасните, и важно е да се запамети дека најмладите и најстарите се и најзагрозени. Кај нив, регулаторните системи за компензација не се доволно ефикасни, а губењето на течности и сол е опасно за нив“, посочи д -р Јевтиќ.

Таа додава дека првите симптоми се надуеност, треска, повраќање, дијареа, и зголемени лимфни жлезди или течење на носот.