Се повлекуваат виршли во Хрватска: „Веднаш престанете да ги користите!“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државниот инспекторат на Република Хрватска ги известува потрошувачите за отповикување на производот од ALNATURA BIO POULTRY ВИРШЛИ 390 g ЕКОПРОИЗВОДИ, рокови на употреба 30.01.2026, 05.02.2026, 12.02.2026, EAN: 4104420237575 / MAN: 2591643 (0), поради можност за порано расипување.

Производот не е во согласност со Регулативата 178/2002 за воспоставување на општите принципи и услови на законот за храна, основање на Европската агенција за безбедност на храна и воспоставување процедури во областите на безбедноста на храната.

Милер најави и повлекување на производот: „Ве молиме проверете дали го имате наведениот производ и веднаш престанете да го користите!

Враќањето на производите е можно во која било филијала на Милер. Уплатената сума ќе ви биде вратена и без приложување на соодветната фактура“.

Информации за производот:

Производител: Alnatura GmbH, Германија

Трговија на мало: Müller trgovina Zagreb d.o.o., Zagreb

Земја на потекло: Германија

Известувањето се однесува исклучиво на производот со горенаведените информации.