Се повреди бегајќи од кучињата скитници – на секои четири дена, по еден тетовец е каснат од кучиња

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бегајќи од кучињата скитници, 13-годишно девојче од Тетово си го повреди левото око. Поради тоа, потребна е итна интервенција во Клиничката болница во Тетово. За нејзиниот татко, професорот Башким Селмани, овој е тажен случај.

„Детето кога се враќаше од училиште, токму на оваа место е нападната од кучињата скитници и го повреди окото и станува збор за многу тешка повреда и за нас како родители ова е многу тажен случај“, вели Башким Селмани.

Селмани вели дека  ова не е прв пат неговата ќерка да биде нападната од кучињата скитници, но за прв пат се здобила со телесни повреди бегајќи.

„Девојчето кое неколку пати се враќаше од училиште имаше многу големи грижи, но денешната беше крајно случајна и се надеваме дека ќе се преземат мерки ваквите случаи да не се повторат“, додава Башким Селмани.

Од општина Тетово велат дека здружението „Амос Пет“ досега заловило  само 42 од 82 колку што е предвидено во договорот што го склучиле со општината.

„Проблемот со кучињата скитници не е нов и единствен, секогаш апелираме на национална стратегија за решавање на овој проблем, отворивме јавна набавка за 82 кучиња скитници која ја доби здружението „Амос“ и соработувавме,  до сега се третирани 42 случаи до завршување на тендерот. Решението кое е во рамките на законот дефинитивно мораме да го спроведеме со тоа што не се малтретираме и ги исполнувајќи ги  условите за третман на кучињата скитници, се сомневаме дека има внес на кучиња скитници и надвор од Тетово“, вели Аљби Ќамили.

Врз основа на официјалните податоци на Секторот за внатрешни работи Тетово, од 1 јануари до денеска само во Тетово се пријавени 14 каснувања од кучиња скитници. Тоа значи дека во Тетово секој четврти ден по еден граѓанин е каснат од кучиња. Во текот на 2022 година секој шести ден имало каснување. Општина Тетово формираше комитет каде граѓаните каснати од кучиња скитници ќе добиваат надоместок кој ќе се пресметува по бодови.