Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција рече дека Владатга ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, и дека во следните 14 дена ќе бидат затворени сите училишта, градинки и факултети.
„Утрово имавме состанок на комисијата за заразни болести, на кои се предложија дополнителни мерки на овие досега на псравување, со оглед на новонастанатата ситуација, прв случај на локална трансмисија, откако лица од Дебар биле во контакт со заразениот пар беа позитивни, и тие се сместени на инфективни болести. Таму се сега седум пациенти, нема потреба од механичка вентилација кај никого.
Се прекинува наставната дејност, процесот на високообразовните установи како и научните институти. За 1 родител на дете до 10 годишна возраст, ќе му биде дозволено да отсуствуа од работа, и тоа цело отсуство ќе му биде платено во рок од 14 дена.
Се забрануваат јавни собири со над 1000 луѓе, се препорачува да се откажат и оние кои се со помалку. Се забранува одржување на спортски настани со публика во слендите 30 дена“, рече Филипче.
