Возило се преврте во центарот на Охрид, на улицата „Димитар Влахов“. Станува збор за автомобил марка „Мерцедес“.
Не е позната причината за превртување на возилото, а нема тешко повредени лица. Несреќата се случила пред 20 часот.
МВР со детали околу сообраќајката ќе излезе утре.
