Владата на Португалија, работи забрзано на приватизација на националниот авиопревозник ТАП Ер-Португалија. Се очекува државата да продаде најмалку 49% од акциите, додека можно е и мнозинско преземање.
Овој потег на португалската влада вклучи интерес од многу европски авиокомпании, меѓу кои Ер Франс-КЛМ, Луфтханза и Интернешнл Ерлајнс.
Според информациите, најблиску до преземање на португалскиот национален авиопревозник е француско-холандската корпорација Ер Франс-КЛМ. Извршниот директор Бен Смит рече дека групата сака да учествува во процесот на приватизација, сметајќи го ТАП за стратешка компанија со силна база во Лисабон и силна мрежа на летови до Јужна Америка. Ер Франс-КЛМ е финансиски постабилен од своите конкуренти, откако веќе ги надмина предизвиците на пандемијата. Исто така, португалската влада бара брендот и идентитетот на ТАП да останат зачувани , што групата веќе ги прифати како дел од својата понуда. Со купувањето на ТАП, Ер Франс-КЛМ би го зајакнала своето присуство во трансатлантскиот сообраќај, особено кон Бразил, каде што португалскиот авиопревозник има доминантна позиција. Покрај тоа, Ер Франс-КЛМ веќе има силна мрежа во Јужна Америка, а ТАП дополнително би ја зајакнал таа врска.