„Се пржи“ Западна Европа! Температурите во Португалија достигнуваат над 40 степени Целзиусови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бран на топлина ја зафати Западна Европа. Португалија ја регистрираше највисоката температура за месец мај во својата историја, со 40,3 степени Целзиусови измерени во градот Мора.

Новиот рекорд ја надминува претходната температура од 40 степени Целзиусови, измерена во 2001 година. Метеоролошките власти предупредуваат дека екстремните температури ќе продолжат до крајот на викендот во неколку европски земји, меѓу кои Франција, Италија, Шпанија, Германија и Швајцарија.

Во Италија, властите прогласија црвена тревога поради топлотен бран во Рим и во други градови како Фиренца, Болоња, Бреша и Торино. Температурите во италијанската престолнина се очекува да достигнат 32 степени Целзиусови, додека во Мадрид термометарот може да се искачи до 35 степени за време на викендот.

Во Франција, владата одржа итен состанок за да ја процени подготвеноста за екстремни температури и ризик од пожари. Седумнаесет департмани, меѓу кои и Париз, се ставени под портокалов аларм поради интензивна жештина.

Високите температури влијаеле и врз образовниот систем во Франција. Една основна школа во регионот Ландес била затворена откако температурата во училниците достигнала 53 степени Целзиусови.

Погоден е и спортот од екстремните временски услови. Број еден тенисер во светот, Јаник Синер, се повлече од „Френч Опен“ откако се пожалил на вртоглавица и замор поради големата жештина во Париз.