„Се разгледуваат мерки како реакција на протерувањето на дипломатот“, велат од руската амбасада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После информацијата за протерувањето на рускиот дипломат од Македонија, руската страна ги разгледува мерките што можат да бидат реакција на протерувањето на рускиот дипломат од С. Македонија, изјавил денеска за ТАС С портпаролот на руската амбасада во Скопје.

„Руската страна сега ги разгледува мерките како одговор што ќе следат по овој чекор. Рускиот дипломат има рок од седум дена да ја напушти Северна Македонија. Неговото име нема да биде објавено“, рекол портпаролот на амбасадата.

А денес Министерството за надворешни работи објави дека ќе протера руски дипломат.

„Во оваа насока, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена“, велат од МНР.