Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, најави дека на основните и средните училишта ќе добијат пепораки во врска со апликации на мобилните уреди кои имаат штетни влијанија врз учениците.
Андоновски нагласи дека најодговорни се родителите, особено на оние деца во основно образование.
-Подготвуваме препораки кои ќе ги пратиме до сите основни и средни училишта во државата за димензионирање на услугите што се нудат на овие мобилни апликации Сепак, главната одговорност ја имаат родителите. Секој паметен уред има системи за заштита на деца, тие системи може да се вклучат. Тоа може да го направи секој родител, може да го направите и на домашните уреди и на тој начин може да ги заштитиме децата од несаканите појави кои се на Интернет. Апелирам до родителите, особено на децата во основно образование, тоа веднаш да го направат“, изјави Андоновски.
На прашањето дали треба да се забранат мобилни телефони во училиштата, министерот кажа дека тоа треба да се дебатира со министерството за образование.
-Препораката треба да биде дека за време на часови, за време на настава, учениците не треба да ги користат своите мобилни телефони. Дали училиштата ќе одат кон целосна забрана на мобилни уреди во училиштето, тоа останува, сепак, на луѓето кои креираат политики во тој домен“, рече Андоновски.