Во Тетово почна санирањето на дупките низ улиците. Како што се гледа на овие снимки, новиот асфалт се поставува без да се отстрани оштетениот дел. Според експертот од областа на сообраќај, Блерим Неими, санирањето се прави на погрешен начин.
-Кога имаме поголеми дупки или поголеми пукнатини, се сече асфалтот и целосно се отстрануваат оштетените делови. Асфалтот се премачкува со материјал наречен емулзија или материјал кој ја вклучува основата на асфалтот, тоа се нафтени материјали, и со тоа се врши санирање на поголемите дупки или пукнатини, вели професорот за патен сообраќај, Блерим Неими.
И случајните минувачи што ги сретнавме велат дека овие поправки нема да потраат долго.
Инаку, општина Тетово на 10 јуни годинава потпиша тендер за санирање на дупките и улици во градот во вредност од 18 милиони денари или околу 300 илјади евра.
