Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во вечерашното дебатно издание „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека е шокирана по веста дека му застарува едно од делата на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.
„Помалку шокирав и изнервирав кога ја прочитав првата информација. Сите го сметаме тоа како пра-делото. Јас не мислам дека прислушувањето било единствениот грев, но тоа е гревот кој ги создаде другите нивни гревови – бидејќи не преслушуваа сите после извесно време мислеа дека можат се да прават“, посочи Шекеринска.
Таа вели дека без реална одговорност за прислушувањето се друго ќе биде прифатено со голема резерви, односно дека се друго ќе биде недоволно.
