Откако премиерот Димитар Ковачевски, пред два дена ги достави до Собрание имињата на новите кандидати за министри, на Алтернатива не и остана ништо друга освен вчера во Централното Собрание да го потврди излегувањето од Влада. Претседателот, Африм Гаши, го спомна и ваквиот потег на Ковачевски.
„Нашите досегашни партнери ја преминаа и последната етичка линија и немаа трпенија да ја чекаат одлуката на нашето Централно собрание, нешто што многу зборува за нивниот политички морал“, вели Африм Гаши.
Алтернатива одлучи веќе да делува како опозиција, но сепак Гаши вели дека ќе ги поддржат уставните измени и секој закон кој е во прилог на граѓаните.
„Се плашам дека со ваквиот потег на СДСМ и со оваа ново мнозинство е ставена под опасност европската иднина и сметам дека тешко ќе дојдеме во ситуација за усвојување на уставните измени, но доколку има таква иницијатива Алтернатива секогаш ќе биде во функција на доброто на граѓаните“, порача Африм Гаши.
Една од програмските точки на Алтернатива, кога стана дел од Владата, беше повторното судење на судските предмети за кои постои сомневање дека се монтирани. За ова Гаши рече дека има подготвено писмо кое требаше да го достави до Европската комисија во јануари, но премиерот Димитар Ковачевски не го потпишал. Според првиот човек на Алтернатива, тоа е направено со тенденција, бидејќи Ковачевски планирал да ја тргне Алтернатива од Владата.
„Работата напредуваше, но се одвиваше бавно и не е исполнето се. Сакавме тоа да се направи што е можно поскоро, имавме уште една година, мислевме дека до 2024 година ќе ја завршиме оваа работа и неколку пати разговаравме за овие динамики, но за жал нашите партнери имаа други цели, имаа планови да нè да тргнат од Влада, затоа не сакаа да ги спроведеме овие точки. Тие точки се во интерес на сите граѓани и покрај тоа што ние сме надвор од Владата, ќе инсистираме тие точки да се реализираат“, додаде Африм Гаши.
Лидерот на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи ги новите настани, рече дека Алтернатива била таа која ја спасила Владата на Ковачевски и Груби, а овие ги избрка.
На ваквата изјава реагираа од Алтернатива дека не биле а и нема да бидат спасител за нечиј криминал.
Инаку, во периодот кога партијата на Гаши реши да стане дел од извршната власт тие беа во коалиција со АА, при што беа критикувани бидејќи не го почитуваа договорот. Сега АА влегува во Владата и ги презема сите функции со кои ААА раководеше една година. Од партијата на Таравари уверуваат дека знаат да се борат против корупцијата.
