Се сруши станбена зграда во Лисабон – петмина повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Локалната противпожарна служба соопшти дека најмалку пет лица се повредени кога станбена зграда во центарот на Лисабон делумно се урна по експлозија.

Портпарол на противпожарната служба изјави дека петмината повредени, меѓу кои и едно лице со сериозни повреди, биле пренесени во болница, додека околу 50 пожарникари се борат да го угаснат пожарот.

Сè уште не е јасно што ја предизвикало експлозијата, иако локалните медиуми објавија дека таа е поврзана со бојлер во стан.

Властите соопштија дека девет лица живеат во зградата и дека две лица сè уште се водат за исчезнати.

Пожарникарите сè уште не можат да влезат во зградата поради ризик од целосено уривање на објектот.