Два Рафали се судрија во воздух во североисточна Франција.
„Два борбени авиони „Рафал“ се судрија во воздух пред да се урнат на земја во североисточна Франција во средата, 14 август, соопштија цивилните и воените власти. Еден од пилотите е пронајден и е безбеден“, објави францускиот министер за одбрана на Себастиен Лекорну на X.
Француските воздухопловни сили потврдија за Ле Монд дека во едниот авион имало двајца пилоти, додека во другиот имало еден. Тој пилот е пронајден, а по другите двајца се трага.
Un accident de deux Rafale de l’Escadron de Transformation Rafale 3/4 « Aquitaine » a eu lieu en Meurthe et Moselle.
— Sébastien Lecornu (@SebLecornu) August 14, 2024
Un des pilotes a été retrouvé, il est sain et sauf. Les recherches sont toujours en cours. Merci à nos forces armées ainsi qu’aux gendarmes mobilisés dans les…
Несреќата се случила во Коломбеј-ле-Бел, град во североисточниот дел на Франција. Двата авиони беа од воздухопловната база Сен Дизие, објави министерот Лекорну.
Хрватска купила и авиони „Рафал“ од Франција, а од 12-те купени, шест досега пристигнале во Хрватска.