Се судрија јапонска подморница и приватен брод во Пацификот – неколку повредени лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Една јапонска подморница е оштетена, а тројца членови на нејзиниот екипаж се полесно повредени во судар со приватен брод, што се случил вчера во близина на пацифичкиот брег.

-До судирот меѓу подморницата на јапонските поморски одбранбени сили и бродот дојде крај брегот на префектурата Кочи, во јужна Јапонија, изјави Катсунобу Като, генерален секретар на јапонската Влада.

Като ги пренесе дека Крајбрежната стража тврдела дека приватниот брод не е оштетен.

Властите веќе отворија истрага за деталите за инцидентот, видот на бродот со кој подморницата се судрила и државата во која е регистриран.

Морнарицата соопшти дека членовите на екипажот се полесно повредени и дека подморницата е оштетена, но дека може да продолжи да плови.