Се урна авион во Хрватска, неофицијално има неколку загинати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата во Истра во четвртокот во 11:25 добила пријава за пад на мал авион во областа Медулин. Авионот се урнал во Кампанож, ненаселена област на административната граница меѓу Пула и општина Медулин.

Хрватските медиуми неофицијално пренесуваат за неколку загинати лица.

„Моментално, сите служби се на местото на настанот, од службата за итна медицинска помош и пожарникарите до полицијата, преземајќи мерки и дејствија во рамките на нивната надлежност“, изјави службеникот за односи со јавноста на полицијата, Ален Пачиќ, потврдувајќи дека во несреќата загинале неколку лица. 

„Истарски.хр“ пишува дека бројката на загинати се движи меѓу 4 и 5 лица.