Се урна авион во САД, загинаа 11 падобранци и пилот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пилот и единаесет падобранци загинаа откако приватен авион се урна во Батлер, Мисури, во недела наутро, објавија американските медиуми.

Авионот се урна кратко по полетувањето во 11:30 часот наутро, изјави портпаролот на Управата за вонредни ситуации на округот Бејтс за Fox4.

Авионот полетал од аеродромот Батлер Меморијал, а потоа се вратил од непозната причина пред да се сруши во близина на автопатот.