Сè уште не се објавени сите кандидати – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ бараат уште малку време!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кандидатите на другите партии кои ќе им се допаднат на  СДСМ, ќе добијат поддршка во првиот круг од локалните избори, а социјалдемократите нема да номинираат никого, најави лидерот на партијата Зоран Заев, очекувајќи истото да го направат и коалициските партнери.

Досега СДСМ ги објави кандидатите за 35 општини, а пола од другите имиња се уште не се знаат, но наскоро ќе се дознаат бидејќи се доближува и рокот за доставување на имињата во ДИК.

Од веќе објавените кандидати на СДСМ, повеќето се актуелни градоначалници. Спротивно на тоа, опозициската ВМРО-ДПМНЕ ветува 90% нови лица, но бара трпение бидејќи партиските органи се уште го прават конечното филтрирање, а имињата ќе бидат објавени наскоро.

И кај албанските партии, останува да се дознаат уште многу имиња на кандидати, бидејќи тие не се објавени за сите општини. Се уште нема ништо конкретно за коалицијата или поддршката меѓу опозициските партии, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива. Ниту една страна не ја негира можната соработка, но досега нема конкретен чекор или состанок. Спротивно на тоа, актуелните владејачки партнери СДСМ, ДУИ, Беса и ДПА веќе се договорија за коалиција.