Се враќа ДДВ-то, повисоки цени на храната, маслото поскапо за околу 20 денари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дел од антикризните мерки од денеска веќе не важат! Основните прехранбени производи веќе нема да се продаваат со 0% ДДВ, па така, маслото за јадење, брашното, шеќерот, лебот и јајцата од денеска се продаваат по нови повисоки цени. Маслото кое досега чинеше 135, сега се продава по цена од 156 до 163 денари, а новата цена на брашното Тип 400 се движи од 44 до 58 денари. Шеќерот се продава по цена од 55 до 60 денари, а кутија од 10 јајца од 90 до 110 денари. Повисоки цени и кај лебот и оризот.

Беше    Сега е 

Масло 135 денари од 156 до 163 денари
Брашно тип 400 38 – 50 денари од 44 до 58 денари
Шеќер 52 – 54 денари од 55 до 60 денари
Ориз 66 денари Околу 76 денари

„Скок“ и на цените на горивата. Еуросупер БС-95 и дизел се поскапени за 9 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 9,5 денари. За 8,5 денари поскапо е и екстра лесното масло за домаќинства. Согласно новите цени, литар Еуросупер БС-95 чини 104 денари, Еуросупер БС-98 106,5, дизел – 95 денари, а новата цена на екстра лесното масло е 93 денари.
Еуросупер 95 104,00 денари/литар
Еуросупер 98 106,50 денари/литар
Еуродизел БС 95,00 денари/литар
Екстра лесно масло 93,00 денари/литар
Мазут 54,640 денари/литар

Од Владата вчера не информираа дали на одржаната седница станало збор за продолжување на антикризните мерки. Инаку, овие мерки Владата ги воведе во март со цел ублажување на последиците од енергетската криза и зачувување на стандардот на граѓаните.