Се враќа во функција железничката линија Скопје-Приштина – единствените патници екипата на ТВ21

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Помпезно најавување на враќањето на железничката линија Скопје-Приштина. Поради тоа, екипата на ТВ21 реши да им се придружи на првите патници. Го искинавме билетот, кој важеше до Елез Хан (Генерал Јанковиќ).
Мислевме дека ќе се качиме во кинески возови – нови и дезинфицирани, но нѐ пречекаа дотраени локомотиви на дизел.

„Во железничкиот сообраќај повторно се враќа во функција линијата на релација Скопје-Приштина. Се очекува возот од Скопје да тргне во 16 часот, а во Приштина да пристигне во 19 часот. Билетот од Скопје до Елез Хан чини само 94 денари“, вели репортерката на ТВ21.

На информативната табла пишуваше дека возот веќе тргнал, но всушност тогаш тукушто пристигна. Перонот беше празен. На централната станица немаше патници, а возот тргна со задоцнување од 10 минути. Како од надвор, така и однатре, возот беше стар. Внатре се ширеше непријатна реа, веројатно поради стариот ентериер. Камерата постојано се мрдаше, поради дотраената пруга. Патувањето до првата станица во населбата Скопје Север, го искористивме за да поразговараме со кондуктерот, Рауф Сулејмани, кој речиси 40 години работи во „Македонски железници“.

„Веќе 39 години работам тука, а 16 години како кондуктер. Порано имаше многу поголем интерес. Сега колку имаме – толку. Се трудиме колку можеме да ја одржуваме линијата“, истакна Рауф Сулејмани, кондуктер.

Во 2000-тите, функционирале две линии, со над 50 патници на дневно ниво. Но, како што се чини, оваа бројка во моментов тешко да се достигне. И линијата Скопје-Приштина, цела година бил вон употреба..

„Во моментов само оваа сообраќа. Оваа линија наутро тргнува од Приштина, а во Елез Хан се прави смената. Ние наутро до Елез Хан одиме со автомобил, а во 9 се враќаме. Го земаме вагонот. Овој вагон потоа останува во Елез Хан и ние повторно се враќаме со автомобил во Скопје. Утредента одиме го земаме вагонот, и доаѓаме накај Скопје“, додава Сулејмани.

Покрај регионални, порано сообраќале и меѓународни линии.

„Порано многу повеќе го користеа возот. За Битола и Кичево имаше по 7-8 воза на ден. Имаше и за Кочани. Имавме околу 3-4 меѓународни линии, кои сообраќаа до Минхен и Атина“, посочува Сулејмани.

Пристигнавме до населбата Скопје Север, но и тука беше празно…. немаше патници. Слично беше и во Ѓорче Петров… Возот се упати кон Елез Хан, а кога пристигна во Приштина веќе беше мрак.
Повторно немаше патници, а ваков случај не е само со оваа линија, туку и со останатите.

„Официјалните податоци велат дека за 30 години, „Железници“ изгубиле околу 6 милиони патници. Во 1986, во Северна Македонија со воз патувале околу 6.9 милиони патници, но по 10 години оваа бројка е намалена за 5 милиони. Па така, во 1998 година „Железници“ имале само 1.8 милиони патници. Трендот на намалување на бројот на патниците, продолжи и во 2006-тата со само 1 милион патници, бројка која била преполовена за 10 години. Податоците велат дека со воз во 2018-та патувале само 540 илјади патници“.

1986 1998 2006 2018
Околу 6.9 милиони Околу 1.8 милиони 1 милион 540 илјади

Возовите се Македонија се движат со мала брзина, односно со само 80 км на час. Грција, Бугарија и Србија работат на изградба на брзи пруги по кои возовите би се движеле со максимална брзина од 250 км на час.