Војниците се вратија. Цели 2 недели беа во Кахраманмараш, во регионот погоден од земјотресот.
60-те војници рамо до рамо со другите држави помогнаа во потрагите и спасувачките акции на преживеаните кои беа под урнатините.
Претседателот Стево Пендаровски соопшти дека според информациите добиени од НАТО, тимот од Македонија бил меѓу првите 5 кои пристигнале во Турција во првите 24 часа по земјотресот.
Одлучивме да ги испратиме најдобрите, најподготвените и најобучените за да помогнат во оваа тешка задача, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска.
На третиот ден по земјотресот, нашата војска заедно со другите сили помогнаа во извлекувањето на 5 годишно дете од под урнатините.
На помошта се заблагодари и турскиот амбасадор во земјава Хасан Мемет Секизкок. Тој додаде дека помошта, жртвата и солидарноста на народот од Македонија ќе останат засекогаш во сеќавањето на турскиот народ.
„Вие почитувани припадници на баталјонот на специјалните сили, бевте во центарот на регионот кој беше погоден во Кахраманмараш, на местото на настанот бевте сведоци на рушевините од земјотресот, влеговте под урнатините, неуморно и храбро се приклучивте на активностите за заштита и спасување. Ја споделивте длабоката болка со турскиот народ“, вели Хасан Мехмет Секизкок.
Херои во спасувањето на Сулејман беа и двете кучиња Кони и Пикси кои се обучени токму за наоѓање4 на луѓе во вакви трагедии.
60-те војници од спасувачките операции, министерката а одбрана соопшти дека ќе ги награди со исплата на една просечна плата.
