Се заладуваат меѓукоалициските односи меѓу власта и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов. Во последен период се поочигледни се настапите на Трајанов во кои тој демонстрира ставови кои не се блиски до оние на власта. На самата лидерска средба рече дека ќе бара реципроцитет во однос на бугарските барања, Бугарите да влезат во Уставот но да се инсистира и тие да го признаат македонското малцинство. По самата лидерска средба која всушност и пропадна, Трајанов со став, доколку не може да се постигне консензус да се оди на предвремени избори, на што постојано инсистира ВМРО-ДПМНЕ. Денеска побара итна собраниска седница за студентскиот стандард, откако беше најавено па повлечен закон со кој би се укинал студентскиот оброк.
„Демократскиот сојуз бара Собранието да одржи седница на која ќе се расправа за студентскиот стандард и другите проблеми со кои се соочуваат студентите и да се донесат конкретни решенија преку интеграл но прифаќање на нивните барања. Демократскиот сојуз укажува дека не може да се предлагаат законски решенија и да се носат одлуки без да се консултираат студентите и универзитетите како што беше законот за субвенционирање на студентскиот оброк“, се вели во соопштението на ДС.
Со остар тон, притоа нималку некриејќи го несогласувањето со ставовите на Трајанов, одговори премиерот Димитар Ковачевски.
„Во однос на барањето на пратеникот Трајанов за собраниска седница, мислам дека е добро да има таква собраниска седница, дури и јас би сакал да присуствувам на неа. Затоа што тука ќе можеме да го споредиме концептот, а господинот Трајанов е добар за таква седница бидејќи во времето кога беше во коалиција со премиерот Груевски, студентите знаете како беа тепани по плоштади и пред Владата и ќе можеме да споредиме со тоа како студентите се третирани денеска од 2017 до денес“, рече Ковачевски.
Во однос на најавениот закон за субвенциониран студентски оброк, пратеничката на ЛДП Моника Зајкова рече дека не е точно дека ќе се укинува студентскиот оброк туку дека се бара подобро системско решение.
