Од Пожарна Скопје денеска објавија фотографии од интервенцијата на улицата Крсто Асенов во Чаир.
Од таму истакнуваат дека по примена дојава за запален кров поради опасност од ширење упатени беа 3 возила и 12 пожарникари Брзата интервенција на БППЗ-Скопје спречи ширење на пожарот и зафаќање на поголема површина на делот од зградата.
