Изминативе денови зголемен е бројот на пациенти кај кои е влошена бубрежна функција поради Ковид 19 и тие се сместени на Клиниката за нефрологија. Кај дел од нив имало потреба од акутен хемодијализен третман а дополнителните испитувања покажале присуство и на вирусот,велат од нефрологија . На електронската листа за трансплантација на бубрези чекаат 140 пациенти, информира националниот координатор за трансплантација Маја Мијовска Мојсовска.
„Да не заборавиме дека 140 пациенти кои чекаат бубрези секако одат секој ден на дијализа и останатите пациенти кои чекаат орган срце се на апарат кој што работи наместо нивното срце…“, рече Мијовска Мојсовска.
Таа најави дека од среда ќе започне трансплантација на бубрези од жив донор,за која рече дека ќе се одвива со помала динамика токму поради корона вирусот и запазување на протоколите. Посочи дека се зголемени тимовите на болничките координатори, главно на хируршките клиники и оти притоа е направена внатрешна едукација.
По повод денот на органодарителството, Министерот Филипче потенцира дека Ковид 19 ги има успорено работите со трансплантација на органи. Според него сите пациенти мора да добијат квалитетна и навремена здрватсвена услуга.
„Со оглед на тоа што сериозен дел од кадарот анестезиолози кои се вклучени во сферата на транспланатција се посветени и на лекување на пациентите со Ковид сепак има план во кој работиме и во овие услови заради тоа што не може никогаш да се претпостави кога има можност да се направи трансплантација.“, изјави Филипче.
Првата трансплантација на срце што се случи во мај годинава според Филипче дала резултати, ја подигна свеста кај граѓаните. По шестчасовна операција на Клиниката за државна кардиохирургија во Скопје, беше трансплантирано срце од починат донор во сообрајќајна несреќа кој неколку дена била во кома во телото на 54-годишен пациент. А од истиот донор два бубрега беа донирани кај пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа, но за жал не беа прифатени од пациентите.
На денот на одбележувањето, Филипче и Мојсова им доделија благодарници на семејствата Диневи и Пиневи кои донираа органи од свој близок, на Медицинскиот факултет и на здравствените установи кои активно се вклучени во трансплантацијата со една единствена цел – спасување на човечки животи и шанса за втор живот на пациентите на кои им е неопходна трансплантација на орган.
