Адвокатите Дублин Караџа и Јасмин Калач денеска преку соопштение посочија демант од Седат Пекер за тоа дека поседува фалсификуван пасош со негова фотографија и туѓ идентитет.
„Имајќи во предвид дека пракса на новинарството и новинарската етика, пред да се објави било каква вест, треба да се побара и став и мислење од другата страна, што во конкретниот случај не е запазено, бараме демантот од страна на Реис Седат Пекер за оваа вест која одекна во медиумите за фалсификувана патна исправа со негова фотографија и туѓ идентитет, да се објави во целост на вашиот портал, како што е правило и пракса во објективното новинарство. Реис Седат Пекер категорично и целосно ги отфрла содржината на насловите и прилозите емитувани на порталите и медиумите како невистинити и тендециозни.Дезинформирањето на јавноста, со свесна намера да се наруши угледот на господинот Седат Пекер се гледа од тоа што прилозите се подготвени надвор од професионалните новинарски стандарди, а пренесените вести се во целост лажни“, велат во соопштението.
Од таму посочуваат дека Реис Седат Пекер бара јавно извинување за објавените прилози во истите термини и формати (вести) каде се емитувани прилозите за него.
„Објавата на овој демант ќе се смета за јавното извинување прочитано во целост и во форматот во кој е емитувано на сите портали. Во спротивно ќе бидат преземени сите правни механизми вклучувајќи и судска заштита во насока на зачувување на интегритетот, честа и угледот на засегнатите страни“, се додава во соопштението.