Седи дома и заработи попусти – мобилна апликација која ги мотивира граѓаните за самоизолација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Не само ограничувањето поради полицискиот час, сега ќе имате причина плус да останете дома. Апликацијата „Challenger дома“ ќе ве наградува за тоа.

„Тоа што сакавме ние да го направиме е да ја искристиме технологијата за добро, односно да ги наградуваме луѓето кои ги почитуваат мерките дадени од нашата Владата, воедно и да ги наградиме луѓето кои што ќе останат во своите домови“, истакна Олга Рајчиќ.

За секој поминат час дома, ќе добивате поени, кои потоа може да ги искористите за попусти во одредени продавници.

„Но, ако мислевте дека апликацијата ќе ја излажете, тоа нема да ви успее. Бидејќи секои 30 минути ќе ја проверува вашата локација на мобилниот телефон“, посочи репортерот на ТВ21.

Апликацијата е поддржана од фондот за развој на иновации, а создадена е во рекорди 15 денови. Ќе добиваат граѓаните, но помош ќе биде и за компаниите.

„Пред се ние апликацијата ја гледаме како мотиварот на граѓаните, но воодено и да им помогнеме на локалните мали бизниси кои што се најпогодени од оваа криза. Тоа што ние им препорачуваме дека  со солидарност, заедно може да си помогнеме. Луѓето да добијат попуст, а бизнисите да добијат за возврат приходи како и нови потрошувачи“, додава Олга Рајчиќ.

По завршувањето на вонредната состојба и укинување на мерките, апликацијата ќе добие своја надоградба. За која пак креаторите велат дека тоа била и првичната идеја, за секој кој пешачи, вози велосипед да има разни придобивки со цел намалување на аерозагадувањето.

Најголемата награда која може да ја добиете со користерњето на апликацијата се бесплатни услуги, а попустите во продавнциите кои се над 50 се движат од 5% до 60%. Апликацијата е достапа преку App и Play store за Ајфон и Андроид уреди.