Уште едно лице починало од коронавирусот во Италија, а со тоа бројот на жртви се накачи на седум.
Се работи за 80-годишен маж од Милано.
Здравствените работници велат дека починатите, воглавно, се постари лица кои и во минатото имале сериозни здравствени проблеми, а меѓу нив се и двајца мажи на возраст од 84 и 88 години, кои веќе биле хоспитализирани.
Од таму велат дека се докажало оти пациентите кои веќе биле излечени од вирусот, се уште се носители на истиот.
