Седма жртва од Западнонилска треска во Македонија. Како што информираше министерот за здравство, на Клиниката за инфективни болести починал пациент, кој бил хоспитализиран преку 38 дена. Починатиот пациент е од Општина Гази Баба и имал 69 години. Од последеното известување, има еден нов сомнителен случај од Радишани, а како што вели министерот Клековски, од викендот, до денес сите нови случаи се од Скопје Север. Инаку, по зголемувањето на случаите на западнонилска треска беше прогласена епидемија во неколку скопски општини кои презедоа вонредни прскања против комарци.
„Новиот случај е од Радишани. Во основа, во последните неколку дена, од викендот наваму, сите нови случаи се од Скопје – север. Веќе е разговарано со соодветните градоначалници да обрнат внимание на активностите таму“, изјави министерот Клековски.
