Седми избори за три години: Бугарија гласа на парламентарни избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ниската излезност и проблемите со машините за гласање се чини дека ќе остават белег на седмите предвремени парламентарни избори во последните три години во Бугарија. Од досегашните избори само два пати имаше успех и се формираше Влада, но и двете пропаднаа.

„Три се главните политички групи кои може да најдат место во следниот парламент. Првата група се клептократски партии предводени од неодамна владејачката ГЕРБ, која првата политичка сила чиј лидер и поранешен премиер е одговорен за спроведување на корумпираниот модел во Бугарија“, вели Стојана Георгиева, аналитичар од Медиапул.

Социолозите очекуваат дека заморот и разочарувањето на гласачите од политичкиот систем ќе резултира со слаб одѕив и истовремено висок број на контролирани гласови – не само купени гласови, туку и оние поради притисокот од локалните власти.

„Се очекува рекордно низок одѕив и во исто време висок број контролирани гласови – не само купени гласови, туку и оние поради притисок од локалните власти, вклучително и корпоративните. Многу е веројатно дека главната проруска партија во Бугарија , Вазраждане, ќе се појави како втора политичка сила“, вели Стојана Георгиева, аналитичар од Медиапул.

Бугарија од 2020 година е зафатена од политичката нестабилност кога избија протести против корумпирани политичари кои им дозволија на олигарсите да преземат контрола над државните институции.

Бугарија е една од најсиромашните и најкорумпираните земји-членки на Европската унија и обидите за борба против митото се напорна битка против нереформираното судство.

Експертите и за овие избори не се оптимисти дека може да се излезе од ќор сокак.

Гласање се спроведува и во Македонија на 5 избирачки места во Битола, Кавадарци, Прилеп, Скопје и Струмица. Интерес за гласање пројавиле 62 лица, но бројот може да се зголеми, бидејќи барање може да се направи и на самото избирачко место.

На крајот и еден куриозитет. Врата на избирачко место во Пловдив ја отвораа со брусалица, бидејќи не можела да се отвори со клуч.