Итни вонредни контроли превземаа институциите за разрешување на аферата со мазутот, но сепак не беа побрзи од новинарската сторија која го откри скандалот. За ова се шушкаше подолго време во јавноста, а сомнежот за квалиетот на горивото кое се користи и натаму останува.
-Веднаш по излегувањето на сторијата во јавност, на мој предлог заедно со министерството за економија донесовме заклучоци и ги задоживме веднаш и итно надлежните институции за постапување по однос на итни вонредни и длабински контроли на целиот процес од увоз и призводство до продажба на нафтени деривати-вели Љупчо Николовски.
Три недели им биле потребни на институциите за делумно расветлување на случајот. Констатирани се неправилности кај повеќе компании, а на 7 им се изречени казни од вкупен износ од 55 510 евра казни.
-Би сакал да потенцирам согласно владините задолженија при вонредните иунспекциски контроли се опфатија сите останати фирми увозници а надзорите се вршеа во сите фази од увоз до складирање и користење на нафтените деривати-вели министерот Бектеши.
Компании кај кои има неправилности.
-БЛУ ТЕХНОЛОЏИ – Мазут ППД кој не е деклариран во правилникот за квалитет на течни горива, привремена забрана за пуштање во промет на производот, несоодветна сметководствена евиоденција
САНС АГ ШТИП – Производство на мазут од отпадни гуми- забрана за работа и барање за одземање на дозвола
ЕВРОТИМ- Отстапки од граничните вредност на мазутот – времена забрана за пуштање , немање залиха, забрана за прометна мазут -500 тони неисправно
СУПЕРТРЕЈТ- Повеќе вода од дозволеното во горивото.
РКМ ДООЕЛ- Прозводот бил деклариран како нафтен дериват што не подлежи на акциза, а станувало збор за мазут што подлежи на плаќање акциза. Наплатен е долг од 24 000 евра од Царинската управа.
КА ОИЛ Кавадарци-забрана за работа, без лиценца од РКЕ
Направени се контроли во 5 најголеми бензиски пумпи. Направена е првата анализа, но се очекуваат резултати од уште неколку лабаратории. Откако целосно ќе бидат завршени ќе бидат објавени имињата на бензиските пумпи, доколку има неправилности.
