Седум лица, меѓу кои и едно дете, се повредени кога воз излетал од шините денес во рускиот Улјановски регион, изјави претставник на регионалниот медицински центар за катастрофи.
Како што пренесува РИА Новости, инцидентот се случил во 6:26 часот наутро по московско време во близина на станицата Брјандино, кога седум вагони од патнички воз од Чељабинск до Москва излетале од шините.
Сообраќајот на таа делница е прекинат.
