На 12.07.2026 во 21:15 часот во валандовско село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 26-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој околу 17:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 51-годишен татко. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.07.2026 во 20:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.С.(18) од Радовиш. Според пријавеното тој околу 19:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка. Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.07.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.М.(54) од Скопје, по претходна пријава дека во домот со остар предмет упатувал закани кон неговата 48-годишна сопруга и нивните деца. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.07.2026 во 17:00 часот, во СВР Охрид од слобода се лишени А.Д.(59) од Струга и Ж.С.(62) од Охрид. Тие претходно, во домот на нивните родители, предизвикале вербална расправија, по што Ж.С. физички нападнала членови на семејството. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.07.2026 во 01:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.С.(30) од Штип, постапувајќи по претходна пријава од неговата 24-годишна девојка од штипско, дека околу 00:05 часот физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 12.07.2026 во ОВР Македонски Брод е пријавено дека во село во општина Македонски Брод, М.М.(45) физички ја нападнал неговата 50-годишна сестра. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 12.07.2026 во 18:45 часот во СВР Битола Т.Ч.(59) и Л.Ч.(52), двајцата од Битола пријавија дека од страна на И.Ч., кој е брат на Т.Ч., им биле упатувани закани. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 12.07.2026 во 22:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Н.А.(38) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од неговиот татко дека во домот агресивно се однесувал и фрлал предмети. По документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 12.07.2026 во СВР Куманово, 55-годишна жена од Куманово пријави дека подолг временски период таа и нејзините деца биле физички и психички малтретирани од нејзиниот сопруг П.Ц., кој често бил под дејство на алкохол. П.Ц. е спроведен во Психијатриската болница Демир Хисар и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
