Седум тела во распаѓање пронајдени во контејнер кој во Паргавај стигнал од Србија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Властите на Парагвај соопштија дека во контејнер биле пронајдени најмалку седум тела во распаѓање во кој имало ѓубриво, и стигнал од соседна Србија.

Контејнерот пред три месеци од Србија бил пренесен во Парагвај преку Аргентина.

Обвинителот Марсело Салвидар изјавил дека се претпоставува дека биле „слепи патници“, а телата биле пронајдени денеска кога менаџерите на компанијата за која бил наменет контејнерот, го отвориле за да го користат производот.

Спрема податоците, крај телата се најдени и храна, торби со облека и отвор за вентилација.

Наведено е дека од патниците останале само коса и коски.