Секој ден гужви кај Чаирчанка, бетонската ограда ќе се смени со зеленило

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Веќе 55 години работи во овој дуќан во скопска Чаирчанка. Велат дека неколку пати локалните власти ја мереле улицата Цветан Димов каде секојдневно се создава гужва во сообраќајот и им ветувале дека ќе ја прошират, но ветувањето не е исполнето. Песимист за средување на хаосот на овој дел од Чаир се и другите граѓани.

„Веќе 24 години сум слушнал но влегоа во Влада крадци, едниот вели вака, другиот така. Не оваа година, туку другата, чекај со месеци, со години. Ништо од оваа работа, нема човек кој вели да за да, и не за не. Дали сте добиле некаква информација од општината? Ниту од општината, 100 пати мереле колку што се сеќавам. Јас сум тука од ′68, во оваа продавница сум бил како чирак. Нема ништо од оваа. Нашата продавница оди до 1 метар, оваа куќа ќе се руши, таа другата, сите по ред ќе се рушат но кога само Бог знае. Многу гужва, како во Индија.“, рече еден од жителите.

Не мислам, немаме надеж. Што мислите за локалите, дали ќе се дислоцираат? Да, добро нека се дислоцираат. Значи не верувате во тоа ветување? Да, верувам дека после 10 години можеби ќе заврши.

Првиот човек на општината вети дека наскоро улицата ќе се прошири со уште една лента, а бетонските огради ќе бидат заменети со зеленило. Вели дека започната е постапката за проценка на имотите, а целата постапка може да трае три години.