Секој од партнерите од владината коалиција СДСМ, ДУИ, ДПА и Беса ќе имаат свој кандидат за градот Тетово на локалните избори во октомври. Последно СДСМ го објави Хамдија Елезовиќ како кандидат за Тетово. Но што доколку СДСМ не влезе во вториот круг за Тетово? Кого од другите кандидати ќе поддржи?
Но организациониот секретар на ДУИ, Артан Груби изјави дека поддршка од коалиционите партнери ќе има само во вториот круг велејќи дека е сигурен во победата на ДУИ уште во првиот круг.
„Што се однесува до коалициите, ние сме многу јасни дека ќе имаме коалиции во втор круг наспроти она што албанските опозициски партии одлучија да застаната зад ВМРО-ДПМНЕ претворајќи се во слуги на таа партија, за соработка уште во првиот круг и наспроти нивните многу јасни изјави дека се против една таква можна коалиција со партијата која ги оштети во минатото, а денес се претвораат во нејзини вазали за да си ја спасат својата политичка кариера во следните 3 месеци“, посочи Артан Груби.
Коалицијата СДСМ-ДУИ-БЕСА денеска ја коментираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Груби рече дека ДУИ на 4 септември ќе потврди уште 18 кандидати за останатите 18 општини. ВМРО-ДПМНЕ објави дел од кандидатите, истото го стори и СДСМ и АА-ААА, но се уште ниедна од нив нема целосно завршено со објавување на кандидатите.
