Сексуалните работници вечерва ќе изведат перформанс во Универзална сала, црвени чадори наместо црвени фенери

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Годинава сексуалните работници наместо традионалниот марш, ќе одржат перформанс во Универзалната сала, кој ќе се случи вечерва. Годинашнава кампања е насловена како „Ние“, и предводена од Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-Стар“.

На тој начин денеска ќе се одбележи Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.

Поради пандемијата од коронавирус, традиционалниот марш ќе изостане, и ќе биде изведен во Универзалната сала, а наместо црвени чадори, ќе се носат црвени фенери.

Перформансот кој ќе трае три часа, е најавен за почеток во 18 часот.

Преносот ќе може да се следи на Фејсбук страната на СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот и на партнерите ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција МАРГИНИ.