Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села денеска беше во посета на Абдулфета Алими во затворот во Идризово, обвинет за настаните од 27 април.
Села кажа дека е убеден во невиноста на Алими, и дека тој му го спасил животот.
„Некои луѓе вмешани во инцидентите, кои отвораа врати да влезе толпата, се на слобода, додека Абдулфета Алими невин лежи во затвор. Тој ми го спаси животот, да не беше тој, немаше да бидам жив“, рече Села.
Села од прерд затворот побара од Ахмети и од ДУИ да кажат кој е високиот функционер кој го инфомирал Никола Груевски за новиот претседател на Собранието.
„Поминаа четири години и за жал има многу непознати. Ако ја видите снимката од 27 април, кажете ми дали има отпор од униформираната полиција да ја запре толпата, никој! Тогашниот министер продолжува да ужива на државна позиција, Агим Нухиу. Луѓето што ги отворија вратите беа амнестирани. Организаторите беа амнестирани и имунитетот не им беше одземен од СДСМ-ДУИ. Јавно го прашувам г. Ахмети и ДУИ, да кажат дали знаат кој е нивниот висок функционер кој тој ден го извести Никола Груевски за изборот на претседател на Собранието? Ова е пораката пратена од Груевски до Трајко Вељаноски“, рече Села.
