И натаму со тензична атмосфера продолжува блокадата во Собранието од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и тоа со постојани процедурални забелешки и обиди со излегувања од салата да не се обезбеди кворум за почеток на седницата. Тие на говорницата излегуваа со транспарентите „Активна блокада на Собранието за национален спас“ а повторија дека тоа ќе трае се додека не се договорат предвремени парламентарни избори.
Од Алијанса за Албанците велат дека легитимно право на секој политички субјект како ќе дејствува во Собранието. Претседателот на партијата Зијадин Села вели дека и не постои друг начин на функционирање кога се работи за законот за игрите на среќа во кој е поврзана ДУИ, за која рече дека од политичка партија се претвора во бизнис групација со игри на среќа.
Од СДСМ на социјалните мрежи објавија табло од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со пратениците на која напишаа „Неработниците и класниот, овие не` чинат 55.000 евра месечно. И денеска побараа сите оние пратеници кои ќе ја спречуваат работата на Собранието да ги вратат платите.
Блокадата на Собранието, барем она што го најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ ќе трае се додека власта не се согласи да се оди на предвремени парламентарни избори.
