Села и Гаши на средба со СКСЗМ – Гаши: Албанците бараат економски развој

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Албанските гласачи бараат економски раст и развој, додека кандидатите за градоначалници на АА и Алтернатива ќе им бидат на услуга на бизнисите со цел да им помогнат во нивниот развој, а со тоа да се развиваат и општините, вели лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

„Едно од главните барања на албанските гласачи несомнено е економски раст и развој, решавање на реалните проблеми на граѓаните, решавање на инфраструктурата итн.“, рече Гаши.

Лидерот на АА, Зијадин Села, оценува дека општините немаат доволно надлежности и тоа треба да го добијат од централната власт.

„Во нашите програмски определби ние сметаме дека општините треба да менаџираат со нивните граници, бидејќи реално сега имаат граници и немаат надлежности. Не менаџираат ниту со земјоделско земјиште, ниту со шума ниту со други природни ресурси што е основен елемент кој може да им се стави на располагање на бизнисите.“, изјави Села.

Ова го ветија двајцата лидери на АА и Алтернатива на средбата со Неби Хоџа, претседател на СКСЗМ. И Хоџа пред нив ја објави економската платформа за локален развој што го имаат подготвено со членовите на СКСЗМ.

„На средбата ќе бидеме отворени, ќе видим што ќе ветат кандидатите за општините и ние како бизниси имајќи предвид дека сме распространети во сите општини, да имаме и соодветни точки поврзани со конкретните општини.“, вели Хоџа.

Средба во СКСЗМ ќе одржи утре и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. Во рамки на изборите, политичките партии ќе одржат средби со Стопанските комори за да ги објаватг нивните програми за економски развој на земјава.