Пресудата за случајот „Монструм“ е скандалозна. Судовите потфрлија во обезбедувањето на правдата и вистината. Овие се ставовите на коалиционите партнери Алијанса за Албанците, Зијадин Села и Алтернатива, Африм Гаши, за вчерашната пресуда за Монструм. Тие упатија повик до ЕУ, во Македонија да донесат експерти кои ќе спроведат повторно судење не само поради сомнежот дека одредени случаи се монтирани, туку и за тие за кои постојат сомнежи дека се амнестирани со корупција.
Причините поради кои расчистувањето на овој монтиран случај потфрли, според лидерот на Алтернатива, се крајната политизација на случајот, недостигот на транспарентност и зголемувањето на недовербата.
Прстот беше вперен и кон премиерот Заев. Опозициските лидери потсетија дека додека Заев беше во опозиција, за Монструм велеше дека невини луѓе лежат во затвор, а денеска ги заборавил овие зборови. Села рече дека Албанците веќе 18 години се незаштитени, а алудирајќи на ДУИ, рече дека е скандалозен молкот на тие кои се повикуваат на легитимноста на Албанците.
