Села: Многу теми „ќе се отворат“ ако се згази волјата на народот, деновите што следат ќе бидат јасни многу работи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Села рече дека „пресудата“ на албанските гласачи е јасна, неоспорен победник е Европскиот Фронт со значителен број гласови повеќе. Сега, некои се повикуваат на унитарноста на државата, а во истиот момент газат врз тој принцип.

30 проценти од народот во оваа држава се одлучи на избори, јасно е на кого го даде легитимитетот. Доколку ја згазите таа волја, тогаш зошто во иднина би гласале Албанците, која би била поентата, запраша Села.

Тогаш некој друг секогаш би одлучувал за волјата на Албанците, за тоа на кого Албанците им дале доверба да ги застапуваат во владата. Многу теми би се отвориле ако тоа се случи, но Европскиот Фронт тоа нема да го дозволи, ние сме должни да ја браниме волјата на народот. Ќе бидат многу работи јасни деновите што следат. Но, повторно ќе кажам, доколку македонскиот политички субјект е тој што одлучува, тогаш не би имале Албанците желба да гласаат во иднина. ВЛЕН во целата ситуација е само марионета, рече Зијадин Села во ClickPlus на ТВ21.