Села: Прво уставни измени, па потоа коалиции – Собранието на Алијанса со иницијатива за разрешување на Таравари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Со 106 гласа „за“ 1 „против“ и 1 „воздржан“ Централното собрание на Алијанса за Албанците  – таборот на Села, покрена иницијатива за разрешување на претседателот на партијата, Арбен Таравари. Причината за тоа, како што објасни, претседателот на Собранието, Зијадин Села е кршењето на Статутот на партијата од страна на Таравари. Села истакна дека и Таравари бил поканет на седницата на Централното собрание, го чекале да дојде, но тој не се појавил.

Запрашан за евентуалното враќање на чело на партијата, Села вели дека тоа не е негова лична желба и дека за тоа ќе одлучи Конгресот на партијата.

реклама

А во моментот кога Собранието ја изгласа иницијативата за разрешување на Таравари, тој излезе со статус на својот Фејсбук профил. Напиша дека ова е обид на ДУИ за дефокусирање во однос на тоа „чија е партијата“. Од денеска, порача, секој што има поплаки, да се обрати на Суд.

„Обидите на ДУИ и сценаристот Груби да нѐ дефокусираат околу тоа наводно „чија е партијата“ се неуспешни. Од денес повеќе не се занимаваме со ова. Секој што има поплаки нека се обрати до Суд“, вели Арбен Таравари.

реклама

Во однос на статусот на Таравари, Села рече дека претседателот на партијата треба да дојде на заседавањето на Конгресот, со цел сите проблеми да се решат мирно и легално.

„Би било пожелно да не ни се повтори денешната ситуација кога претседателот на партијата не дојде на Собранието. Би било пожелно да дојде на Конгресот и таму да се решат овие прашања и да нема потреба да одиме на Суд“, вели Зијадин Села.

реклама

А што се однесува до обвинувањата на блокот на Таравари дека ДУИ влегла во АА, Села на став дека има мешање, но дека тоа го направила ВМРО-ДПМНЕ врз Таравари и неговата страна.

„Во ова што се случува се вклучени и други субјекти од надвор. Најдобар доказ за тоа е изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој во јавен настап пред две-три недели изјави, слушајте ме внимателно, снимајте што велам, дека ВМРО ќе оди со дел од Алијанса и остатокот од Алијанса што ќе остане остави“, вели Зијадин Села.

Официјалната одлука за разрешување на Таравари ќе биде донесена од Конгресот на партијата, на седницата закажана на 18 февруари.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама