Доколку самиот не си присутен при пописот на населението, роднините нема да можат да ја попишат твојата етничка и верска припаднос, независно дали живееш во Македонија или надвор. Ова објаснување го даде завчера директорот на Завод за статистика, Апостол Симовски зборувајќи за пописот на оние кои живеат надвор од земјава а не можат да се попишат онлајн.
Најдоброто решение, рече понатаму Симовски, е Заводот за статистика самиот да ги контактира овие луѓе и тие да дадат изјава за нивната припадност. Ваквите тврдења на првиот човек на Завод за статистика предизвикаа реакции во јавноста. ТВ21 побара од него интервју заради појаснување, но ни рече дека денеска не може. За разлика од него, заменик директорот Иљми Селами беше подготвен да зборува,но ни тој не разбира што сакал да каже, но едно нешто знае, дека директорот греши!
Доколку се случи тоа што го кажа директорот Симовски, албанската опозиција најавува иницијатива за спречување.
Законот за попис во член 8 за “лицата државјани на Република Северна Македонија кои се со привремена работа или престој надвор од земјава, според член 10, предвидува, податоците од овој закон ги дава повозрасно лице кому му се најпознати. Но што вели член 10? Овде се предвидени сите одлики на лицето кое се попишува, вклучувајќи ги и етничките, културолошките и верските. Значи не се прави никаково исклучување на некоја карактеристика од пописот за лицето кое живее надвор. Така пишува и во методологијата за пописот која беше презентирана завчера.
