Селата од Желино со најмногу пријави за претрпени штети, 108 пријави за штети од невремето во Тетово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Желино, според пријавите деновиве е најоштетена од лошото време. Само од оваа општина во од 23 јуни до денеска се пријавени 55 случаи за штета. Во општината пак за отштета се пријавиле 40 граѓани, а општината најавува дека сите барања на граѓаните за обештетување ќе ги достави до второстепената комисија во Владата.

-Ја користам можноста сите граѓани кои имаат штети да ги пријават во општината, бидејќи имаме комисија и одговорно лице, која комисија, откако ќе ги собере сите барања од граѓаните, ќе излезе на терен, ќе си ја заврши работата а потоа ќе ги достави до комисијата во владата за сите да бидат обесштетени, вели Бујар Сулејмани, општина Желино.

На територијата што ја покрива СВР Тетово од 23 јуни до денеска пријавени се вкупно 108 случаи на штета.
Дождот и град предизвикаа големи штети во земјоделството и приватните домови.

-Во архивата на општина Тетово продолжуваат да доаѓаат барања од граѓани кои имаат штети и од домаќинство и од земјоделска страна, има повеќе од 30 граѓани кои поднеле барања, примаме барања и од земјоделци за штета предизвикана на полињата во Фалише, Џепчиште и Шипковица и ја изготвуваат потребната документација за да постапи советот на Тетово и да се дојде до резултат, вели Бесарта Рамадани, градоначалник на општина Тетово.

Од општина Тетово, но и во другите општини, граѓаните кои поднесуваат барање за обесштетување мора да имаат приложено имотен лист, фотографии од штетата, жиро сметка, лична карта и барање во општината.