Селекторот на Грузија си поднесе оставка после поразот од Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Селекторот на репрезентацијата на Грузија, Владимир Вајс си поднесе оставка откако неговата екипа вчеравечер беше победена од селекцијата на Македонија во финалето на баражот за пласман на Европското првество.

„Мојата работа е готова. Времето ми истече. Им благодарам на грузиските навивачи, играчи и новинари. Тоа беше тешко време, но било и добро пет години во мојот живот. Жал ми е“, изјавил Вајс.

Словачкиот селектор ја презеде репрезентацијата на Грузија во март 2016 година, а тој има договор до крајот на 2020 година.

56-годишниот Вајс во сезоната 2005/2006 година со Петралка избори место во групната фаза од Лигата на шампионите откако го елиминираше Партизан во последното коло од квалификациите.

Под негово водство, репрезентацијата на Словачка избори пласман во осминафиналето на СП 2010 година.