Селмани: Моите информации велат дека ДУИ има предност кај Албанците, разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не е голема

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Имер Селмани на прашање од ТВ21 што велат неговите информации околу првите резултати, одговори дека ДУИ има мала предност кај Албанците, додека нема голема разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

„Моите информации велат дека ДУИ има предност во повеќе општини каде што живеат Албанци. Некаде повеќе, некаде помалку, некаде имаат предност и другите партии, но дека ДУИ има предност. Додека разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не е голема“, рече Селмани.