Селмани: Владејачката коалиција ќе освои 85% од општините – Алиу: Нема основа за предвремени избори, според резултатите од локалните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според аналитичарот Имер Селмани, резултатите од првиот круг на локалните избори во албанскиот политички блок не биле целосно очекувани, бидејќи се предвидувало ист број на општини. Селмани очекува во вториот круг владејачката коалиција да освои околу 85% од општините. Според него, разликата меѓу НАИ и ВЛЕН ќе биде помала само во бројот на советници.

„Некаде над 80%, можеби и 85% од општините ќе ги освои владејачката коалиција, што значи ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ. Можеби во албанскиот политички камп бројот на општини – не на ниво на советници, бидејќи таму бројките ќе бидат поизбалансирани – но победата на ниво на општини, каде што дури и една глас повеќе носи победа, е јасно во корист на ВЛЕН. Можно е и самите ВЛЕН да бидат изненадени кога ќе ги видат финалните резултати“, порача Имер Селмани.

Говорејќи за можно соработка со друга политичка партија во вториот круг од изборите, особено во Кичево, и кого би поддржале, Арбен Фетаи од ВЛЕН изјави дека нивниот кандидат за таа општина, Фатмир Лимани, веќе се има изјаснето, но конечното решение ќе го донесе раководството на ВЛЕН.

Арбен Фетаи: „Што се однесува до Кичево, таму зборуваше Фатмир Лимани. Тој се изјасни двапати и засега тоа е единствениот став…

Новинарка: Тоа значи дека нема да го поддржите Фатмир Дехари?

А.Ф.: …и треба да се состанеме во рамките на штабот, во рамките на раководството на ВЛЕН, и да донесеме став за вториот круг.

Во врска со барањето за предвремени избори, аналитичарот Мурат Алиу, врз основа на изборниот резултат, рече дека нема основа опозициската коалиција да бара предвремени парламентарни избори, бидејќи – како што се изрази – референдумот што беше побаран не се реализира никаде.

„Мислам дека треба да се спореди тврдењето дека ќе ја победат ВЛЕН со 2:1. И второ – ова веќе не е прашање на бројки, туку на атмосфера и инерција што се создава. Во моментов, ако ВЛЕН освои 9 општини, а НАИ остане со 5 или 6, главно периферни општини, не мислам дека политички им одговара сега да бараат предвремени избори, бидејќи референдумот што го бараа не се случи никаде“, вели Мурат Алиу.

Во врска со неисполнувањето на цензусот во Гостивар и Врапчиште, според Фетаи од ВЛЕН, тоа е неуспех на двете партии – АА и ДУИ – бидејќи, како што додаде, не успеале да ги убедат своите гласачи да им дадат доверба за уште еден мандат.